Вечерва како и што се очекуваше, сениорската женска репрезентација на Македонија загуби убедливо до 35:19 од репрезентацијата на Хрватска во Ријека, во рамките од последниот натпервар од квалификациите за пласман на ЕП во Шведска.

Натпревар во кој нашите ракометарки лошо го отворија, дозволувајќи на домаќинките да направат серија уште на почетокот и да поведат со 7:1. Во продолжение само постепено разликата се зголемуваше, за на крај бидат убедливи 16 погодоци разлика.

Пресилна беше репрезентацијата на Хрватска за нашите млади ракометарки, но и нашите ракометарки после лошиот старт, не пробаа да се вратат во мечот. Одиграа слабо во одбраната и лошо во нападот, со што заслужено завршуваме на последната позиција во групата 4, со 6 порази од исто толку натпревари.

Кај домаќините Пенезиќ беше најефикасна со 7 постигнати погодоци, додека во нашиот табор Ристовска, Ливриниќ, Митова и Јовановска дадоа по 3 погодоци.