Ракометарките на ЖРК Вардар оддржаа ракометна лекција сред Данска, повторно убедливо ги совладаа ракометарките на Митјиланд со конечни 25:15, за нови два бода и задржување на првата позиција во групата Ц.
Вардарки добро го отворија натпреварот, иако на почетокот поведоа ракометарките на Митјиланд со 2:0. Брзо возвратија вардарки со израмнување на резултатот, за потоа двете екипи да играа одличен натпревар со јаки одбрани, кои донесоа најизменично водство на двете екипи, кое се менуваше многу често до крајот на првото полувреме, каде ракометарките на ЖРК Вардар заминаа со 11:12 на полувреме.
Одлична игра на вардарки во одбраната, ја олесна задачата на Лејно на голот, која по првото полувреме веќе нанижа 11 одбрани на своето конто. Во нападот воглавно играта беше сконцентрирано на бекови, кои тешко доаѓаа до погодок, а кога ќе дојдоа до позиција за погодок, беа спречени од одличната Ана Војчиќ на голот.
За разлика од првото полувреме, вардарки влегоа многу поамбициозно и поцврсто во одбраната. Уште во првите 2 минути направија серија од 3:0, одличната одбрана и брзите контри на Пенезиќ, Дајмановиќ и Алтхаус најавија дека вардарки се дојдени по двата бода. За момент ракометарките ја прекинаа серија со еден погодок, за потоа вториот погодок да го постигнат во 48-та минута од натпреварот, за 12:18. Но, вардарки не застанаа тука, иако имаа играч помалку направија повторно мини серија од 3:0, со што ги откажаа ракометарките на Митјиланд за било каква шанса за позитивен резултат.
Ракометарките на ЖРК Вардар во последните 10 минути, продолжија со својата одлична игра во одбраната и рутински го завршија натпреварот, за конечни 25:15 и трета победа во Лигата на шампионите.
На голот повторно блескаше Лејно со 20 одбрани, додека најефикасни на натпреварот беа Андреа Лекиќ со 6 и Ања Алтхаус со 4 погодоци.
Во следното коло вардарки ќе му гостуваат на Ѓер, каде ќе имаат шанса да им се одмаздат за изненадниот пораз во Скопје.
25:15