Сосем очекувано, тренерот на ЦСМ Букурешт, Данецот Расмусен, не го криеше своето разочарување по завршување на дуелот со Вардар, и минималниот пораз од 22-21.
„Секако, разочаран сум, Вардар го доби овој тесен меч. Имавме многу повреди, па некои играчи мораа да играат повеќе од што треба. Тие имаа повеќе енергија и затоа победија. Разочарани сме што не освоивме еден поен, мислам дека заслуживме барем нерешено. Вардар одигра добро, постигна важни голови во вистинското време. Нам сега ни останува да тренираме напорно цела недела и да се спремаме за следниот меч, се надевам дека тогаш ќе бидеме комплетни“, изјави Расмусен, кој веќе наредниот викенд го очекува нов тежок дуел, овој пат со Митјиланд.