раул гонзалес список на ракометари

Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалес дополнително го скрати списокот на ракометари во подготвителниот период за претстојното СП 2019 во Германија и Данска.

Подготовките на ракометарите ќе продолжат без Томислав Јагуриновски и Ласко Андоновски. Следниот тренинг сениорите ќе го обработат на 02.01.2019 (среда) во 10:00 часот.

Македонија како дел од подготовките за СП ќе одигра две средби против Србија, на 4-ти и 5-ти јануари, по што ќе го добиеме конечниот список на ракометари.

Да потсетиме нашите ракометари во првата фаза ќе ги одмерат силите со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и со Бахреин.