Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес е прогласен за најдобар тренер во светот, во изборот кој го направи ракометниот сајт „Handball-planet“.

Искусниот стратег на клупата на Вардар, Гонзалес ги искачи на врвот во Европа, ја одбрани титулата во домашното првенство и го врати СЕХА пехарот во Скопје. Повеќе од доволно за да го добие признанието „Најдобар светски тренер на годината“!

*Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, а гласаа и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.