Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес не успеја да се опрости од „црвено-црните“ со одбрана на трофејот од Лигата на шампионите, но она што му го даде на македонскиот тим во изминатите години е нешто кое тешко можевме претходно да го замислиме. Шпанецот си оди од Вардар и од следната сезона ќе биде тренер на ПСЖ.
„Честитки за ПСЖ одиграа многу добар натпревар и победија. Ние игравме добра одбрана, бевме одлични во првиот дел но во последните минути од вториот дел заморот го направи своето, паднавме и му дозволивме на ПСЖ да триумфира. Мислам дека одигравме многу подобро од вчера. Успех за нас е што игравме два пати на фајнл фор честитки за моите играчи. Горд сум на овој период период кој го поминав во Вардар, почнавме од доле, се качивме најгоре на планината. Се надевам дека Вардар секогаш ќе оди напред и ќе има успеси. Напред Вардар“ – изјави Раул Гонзалес на прес конференцијата.