Вчера ракометната репрезентација на Македонија ги започна подготовките за баражот со Романија за СП 2019 во Данска и Германија.
Раул Гонзалес тешко се стигнува до информации за противникот, но знае каков ракомет негува Чави Пасквал.
„Романија има добар тренер и добри играчи, некои играат во едни од најдобрите клубови во Европа. Знаат да играат ракомет, големи се, високи се и цврсти. Но поважно за мене е тоа да видам во каква форма се нашите ракометари во моментов. Важно е да сме здрави, имаме цела недела добро да се подготвиме. Разговарав со нашите ракометари од романското првенство, се консултиравме со нив за да дознаеме кој може да игра, како може противникот да игра. Тешко се доаѓа до информација, меѓутоа знам каков ракомет негува Пасквал и како игра Романија, ама и тие знаат како игра Македонија” – изјави Гонзалес.
Првиот натпревар е закажан за 10-ти Јуни во Скопје, а три дена подоцна е реваншот во Клуж.