Европското движење во Република Македонија на својата завршна свеченост по повод одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа, вчера додели плакети за европски придонес во 2017 година.

Тренерот на РК Вардар, Раул Гонзалес е прогласен за Европска личност на годината. Неговиот успех со Вардар и освојувањето на титулата во Лигата на шампионите беа доволни за ова признание, кое му го додели евро-амбасадорот во Скопје, Самуел Жбогар.

Овие признанија ги добиваат оние кои најмногу придонесоа за афирмација на европските вредности во Македонија.