Нашите репрезентативци следните два дена ќе одиграат два контролни натпревари против репрезентацијата на Србија пред настапот на СП во Германија и Данска.
Селекторот Раул Гонзалес ќе има можност да ги испроба своите комбинации, по што ќе може да го објави конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на мундијалот.
“Два натпревари со Србија на кои треба да видиме колку и како сме одработиле досега во подготовките. Сите 20 ракометари кои ги имам на располагање ќе добијат шанса на овие дуели, ќе пробуваме комбинации и ќе видиме до каде сме. Засега се изгледа добро, тренираме напорно, но немам конкретна слика за сите имиња со кои ќе патувам на СП. Србија треба да даде одговор на некои дилеми” – изјави Гонзалес за порталот Спортмедиа.
Првиот натпревар е веќе утре од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, каде влезот ќе биде бесплатен. Додека во сабота, вториот натпревар ќе биде затворен за јавноста.