На денешната прес конференција во СЦ „Јане Сандански“, тренерот на РК Вардар, Раул Гонзалес во пресрет на реванш натпреварот со Фленсбург во Скопје, предупреди дека двата гола предност не се ништо во вакви дуели и дека мораат да влезат во натпреварот како да е 0-0.
„Може се да очекуваме во овој дуел, можеби Фленсбург овде нема да игра како што играше таму. Но, ние треба да мислиме на нашата игра и на овој меч. Не смееме да мислиме дека овие два гола се добра разлика. Треба да влезе во натпреварот како да е 0-0. На првиот меч голамните беа одлични на двете страни, но можеби сега нема да имаат свој ден и ќе падна повеќе голови. Фленсбург игра брз, агресивен ракомет, играчите имаат искуство и знаат како да се снајдат во вакви ситуации. Треба да бидеме подготвени на тоа.Ние треба да одиграме онака како што играме и досега. И треба да сме подготвени на се. Нашиоте играчи знаат како треба да се однесуваат и како треба да играат. Цела сезона тренираме добро и се подготвуваме за овој меч и треба да го искористиме моментот“ – изјави Гонзалес.