раул гонзалес список на ракометари

По денешната втора минимална победа (28:27) над репрезентацијата на Србија, селекторот на македонската репрезентација Раул Гонзалес изјави дека овие два натпревари не мора ништо да значат пред стартот на СП во Германија и Данска.

Гонзалес препорача дека Македонија не смее да влезе како апсолутен фаворит и растеретено на првиот натпревар на мундијалот.

„Не одигравме многу добро вчера, а не одигравме посебно ниту денеска. Добро е што шанса добија сите ракометари и задоволен сум како играчите одговорија на двата меча. Но, ова беа натпревари на кои игравме дома, пред домашната публика секогаш е полесно. Во Германија ќе биде потешко, ќе немаме ветер во грб од навивачите како тука, а покрај тоа, во Германија ќе играме официјални натпревари. Треба сега да почнеме да се фокусираме на Јапонија. Вие новинарите велите дека ние сме фаворити, дека треба да победиме, но Јапонија одигра нерешено со Шведска, победи со Чешка и со Полска. Мислам дека никако не смееме да ги потцениме.“ – изјави Раул Гонзалес.