раул гонзалес гол-разликата

По вчерашниот пораз од Шпанија, селекторот Раул Гонзалес призна дека лично тој решил да се предадат однапред, бидејќи по 5-0 серијата на Шпанија на почетокот од второто полувреме, немало да имаме шанса да се вратиме на натпреварот.

„Беше многу тешко да се игра против Шпанија. Тие ја имаат најдобрата одбрана, имаат убиствени контри и голман што брани сѐ. Требаше да бидеме етен специјални за да се носиме до крај со Шпанија. Игравме наш стил на напад, зона „7 на 6“, во првото полувреме успеавме иако Варгас беше перфектен. Во вториот дел почнавме да играме лошо, примивме три гола за 30 секунди, и тогаш решив да сменам сѐ, зашто знаев дека немаме шанса. Мораше да мислиме на утрешниот меч со Исланд, зашто немаме многу време за да се спремиме“ – изјави Раул на пресот по натпреварот.

За шансите на денешниот натпревар против Исланд, Раул вели:

„Мора да се подготвиме добро. Играме добро 7 на 6, но не смееме да имаме толкави проблеми во реализацијата, едноставно кога ќе имаме шанса мора да реализираме. Треба да го дадеме нашиот максимум утре, а доколку играме како во првиот дел со Шпанија верувам дека можеме до победа“– заврши Раул.