Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров нема да биде во составот за денешниот натпревар против репрезентацијата на Данска, последен од главната фаза на ЕП во Хрватска.

Поради повредата на задната ложа, која ја заработи на дуелот со Шпанија, Лазаров овој натпревар ќе го гледа од трибините. На негово место во тимот влегува левото крило, Гоце Ојлески!

Натпреварот против Данска се игра денеска со почеток во 18:15 часот, со директен пренос на ТВ Телма.