Велко Маркоски Македонска репрезентација

Македонскиот селектор, Раул Гонзалес ја направи првата измена во составот на македонската репрезентација на ЕП во Хрватска.

На денешниот натпревар против Германија, во составот ќе биде специјалистот за одбрана Велко Марковски на местото на Филип Лазаров, кој се пожалил на повреда на мускулот на ногата во текот на вчерашниот ден. Лазаров одигра одлично на првите два натпревари против Словенија и Црна Гора, постигна вкупно пет погодоци без промашување и даде значаен придонес за победите. Се очекува тој да се врати во тимот за натпреварите во Вараждин.

Со приклучувањето на Велко Маркоски, Раул Гонзалес ја засилува одбраната. Истотака измена во составот пред денешниот дуел со Македонија направи и селекторот на Германија, Кристијан Прокоп, кој дополнително го повика корпулентниот дефанзивец на Мелсунген, Фин Лемке.