Денес РФМ соопшти дека го комплетирале стручниот штаб пред олимписките квалификации за Рио, со двајца професионалци:
- Тања Кајтна – профеционалец во областа на спортската психологија (психолог на словенечките репрезентации на Параолимпијадата во Пекинг 2008 и на Олимпијадата во Лондон во 2012 година.
- Димитар Андреев – кинотерапевт кој ќе практикува научно засновани методи наменети за подобрување на мобилноста и истрајноста, какви што практикуваат врвните спортисти ширум светот.
Нашата репрезентација точно за две недели ќе се обиде да обезбеди место на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, против репрезентациите на Полска, Тунис и Чиле.