Македонската репрезентација дефинитивно ќе мора да настапи без Велко Маркоски на Европското првенство во Шведска, Австрија и Норвешка, кое започнува утре. Тој ќе мора да паузира најмалку две седмици, откако денеска бил на дополнителни лекарски прегледи во Скопје.
Во прилог соопштението на РФМ:
Почитувани,
Ве известуваме дека денес се направени последните испитувања на Велко Маркоски, направено е КТ на окото и ЕХО на окото. По добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира 2-3 недели.
На Велко Маркоски му посакуваме брзо опоравување.
Првиот натпревар нашата репрезентација го игра во петок, против репрезентацијата на Украина.