борко ристовски

Македонската репрезентација денес ја забележа втората победа на Светското првенство во Германија и Данска, против репрезентацијата на Бахреин со резултат 28:23.

Првиот голман на нашата репрезентација, Борко Ристовски изрази задоволство од досегашните натпревари, но бара повеќе внимание во следните натпревари.

“Сите очекуваа лесна победа, но сите знаевме дека Бахреин е тежок противник кој на моменти навистина нè намачи. Треба да бидеме задоволни, бидејќи со две победи одиме на третиот натпревар, каде што ќе играме против Хрватска. Не се плашиме од утрешниот натпревар, но треба да внимаваме, бидејќи следуваат три посериозни противници. Мора да го зголемиме нивото на игра и да бидеме повеќе фокусирани доколку сакаме да обезбедиме пласман во следната фаза од Светското првенство“ – изјави Ристовски по натпреварот.