На денешниот натпревар против Франција, истотака нашиот голман Борко Ристовски пружи одлична партија на својот гол. Иако прими 30 погодоци, имаше одлични одбрани во вистински моменти за да не се скрши резултатот. Со што заслужено беше избран за играч на натпреварот во нашиот тим.

Во својата изјава потенцираше дека овој пораз не треба да влијае лошо на нашите ракометари, туку напротив да биде мотивација плус за следните два натпревари.

„Денеска одигравме добри 30 минути. Се држевме до финишот, но потоа Франција извлече многу повеќе. Сепак, да не се залажуваме, не треба да летаме, треба да одиме по оној пат што си го зацртавме. Не треба да жалиме, не треба да паднеме психички, туку да одиграме уште подобро на следните мечеви. Против Полска можеби ќе биде и уште потешко, затоа што ќе играме и против 15.000 фанови на трибините. Одиме понатаму, допрва не очекуваат нови искушенија“ – изјави Борко Ристовски.