Македонскиот репрезентативен голман, Борко Ристовски од јуни ќе му се придружи на Кире Лазаров во Барселона. Вчера каталонскиот дневен спортски весник „Спорт“ објави дека Борко Ристовски ќе биде замената за Даниел Шариќ на голот на Барселона, кој не пронашол заеднички јазик со раководството на Барселона за продолжување на договорот.
Шариќ ќе замине во Катар, додека Борко Ристовски од германскиот Рајн Некар ќе биде негова замена.
МакРакомет му посакува успешен завршеток на оваа сезона во Рајн Некар и успех во престојните квалификации за ОИ во Рио, па во новата сезона сите да се радуваме на нови успеси во каталонскиот гигант Барселона!