Додека сеуште се освестиме, што пропуштивме на вечерашниот натпревар против домаќинот Полска, голманот Борко Ристовки во својата изјава по натпреварот истакна дека требало да го добиеме овој натпревар, победа која можеби ќе не однесеше и до полуфиналето. Но, што е тука е, веќе во вторник против Србија, еден на еден ќе се реши третиот патник во втората фаза од ова натпреварување.

„Требаше да го добиеме овој натпревар. Имавме голема шанса, и ние поискусните знаеме дека пропуштивме сега голема шанса. Ако овој меч го добиевме, верувајте, можевме да одиме и до полуфиналето. Водевме на полувремето, имавме добар момент, но потоа следеше пад во играта. Се вративме, имавме последен напад за реми, но не успеавме. Сега ни следи третиот меч, против Србија, ќе бидеме под голем притисок и тие и ние, но ќе го оставиме срцето на теренот, како и досега, и се надеваме на најдобро. Уште еднаш ќе кажам, требаше да го добиеме овој меч“ – изјави Борко Ристовски.