борко ристовски

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски вчера имаше солиден натпревар во победата над репрезентацијата на Србија, каде забележа 9 интервенции.

Тој по натпреварот истакна дека се уште има време да се корегираат одредени сегменти и пропусти во играта, каде евидентно не смеат да прават грешки на Мундијалот кој следува.

“На оваа средба имавме грешки кои не смееме да ги повториме на Мундијалот. Одигравме мислам на ниво и сосема солидно за она што не очекува за една недела. Одбраната во првиот дел беше релативно добра, примивме малку голови, но и нападот, иако постигна доста голови, сепак мора да го подобриме тој дел од играта, бидејки имаше некои недозволиви грешки поради кои на противникот му дозволивме многу лесни голови“ – изјави Борко Ристовски.