Екипата на Металург извојува уште една победа во вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за пролетниот дел од сезоната. По победата во првиот контролен меч над косовската екипа Фамиглиа, овој пат на домашен терен беше подобар од екипата на Вардар Јуниор која исто така се натпреварува во најсилното наше првенство и после првиот натпреварувачки дел се наоѓа на петотто место на табелата.

Натпреварот одлично го започна екипата на Металург, но екипата на Вардар Јуниор прикажа одлична игра во првото полувреме, па токму за тоа сведочи и резултатот на крајот на првото полувреме 9:8. Веќе во второто полувреме Металург заигра поцврсто, поорганизирано и благодарение на тоа и дојде во водство од +5 и успеваше да го контролира резултатот до самиот крај 23:18.

На овој натпревар одлични беа и голманите од двете екипи, Ивановски кој имаше 12 одбрани од кои 3 седмерци, како и младиот Томовски од екипата на Металург. Најпрецизни беа Кузмановски со 4 голови  и Матиќ со 5 од Металург, а од екипата на Вардар Јуниор, Мартин Манасков со 5 голови. Свое деби за екипата на Металург на овој натпревар имаше и младиот Јагуриновски кој дојде од младинската екипа на Вардар.

РК Металург – РК Вардар Јуниор 23:18 (9:8)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров 1, Маџовски 1, Костески 1, Матиќ 5, Бувиниќ 1, Матијашиќ 1, Кузмановски 4, Јагуриновски 1, Крстевски, Талески 1, Велковски 3, Пешевски 2, Палевски, Шајин 2.

Вардар јуниор: Ивановски 12 одбрани, Филиповски, Манасков 5, Вујачиќ, Јовчевски 1, Недановски 2, Чурлевски 1, Тренчевески 2, Ончев 2, Димов 1, Спасовски, Георгиевски, Костовски 2, Симиќ, Ристов 1.