Екипата на Вардар е вториот финалист во Купот на Македонија, откако вечерва ја совлада одличната екипа на Охрид 29:21 (14:12). Екипата на Охрид одигра одличен натпревар пред својата публика и пружи силен отпор, но на крајот сето тоа беше недоволно. Вардар извојува убедлива победа изразена со 8 голови разлика иако овој резултат не е реален според одлично прикажаната игра на ракометарите од Охрид. Првото полувреме помина во знак и на двете екипи, се играше гол за гол но сепак искуството пресуди, па Вардар замина на полувреме со позитива од 2 гола.
Во вториот период, домаќините не се предаваа, па на момент негативата од 5 голови ја симнаа на -2. Во тој момент сите очекуваа изненадување и пресврт, но наместо сето тоа следуваа низа грешки во нападо на Охрид, кои Вардар успешно ги искористи. Во последните неколку минути Вардар ја дуплираше предноста и на крај ги постави конечните 29:21. Одлична партија пружија голманот Колев кој успеа да одбрани 11 удари, како и Печенковски кој беше стрелец на 8 погодоци. Додека кај Вардар најпрецизни беа Дибиров со 5, како и Манасков и Дујшебаев со по 4 голови.
Металург и Вардар ќе се сретнат во големото финале кое е закажано за утре со почеток во 17:30 часот.