Ракометните клубови РК Охрид, РК Прилеп и РК Тинекс Пролет преку соопштение до јавноста ја искажаа отворено поддршката на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.

По неговата најава за понесување одговорност за неуспехот на предолимписките квалификации што се одржаа во Гдањск и негово повлекување од функцијата претседател на РФМ, многу клубови и спортски работници изразија поддршка за Мукаетов, во која потенцираат дека треба да остане на позицијата претседател во РФМ, бидејќи неговото работење донело до голем развој на ракометот во Македонија, како на репрезентативен така и на клупски план.

Мукаетов и неговите соработници со својата посветеност и финансиска сигурност во последните години овозможија РФМ да е практично најдобрата спортска федерација кај нас (веројатно светлосни години пред фудбалската, кошаркарската и одбојкарската). Реално, РФМ од организациски аспект немаше ниту еден кикс, па нема ниту една логична причина Мукаетов да не остане на чело на РФМ.

Продолжуваат да стигаат од сите страни поддршки за Мукаетов, останува да видиме во следниот период што ќе одлучи РФМ и дали ќе успејат да го премислат Живко Мукаетов, да остане на позицијата претседател на РФМ.