Ракометарите на Пелистер и на Металург 2 денес во меѓусебен натпревар го отворија 17-тото коло од ВИП Супер лигата. Во Битола, екипата на Пелистер беше домаќин на младиот состав на Металург 2 и успеа да додаде нови 3 бода на своето конто. Битолчани беа поусшешни од младите металурзи совладувајќи ги со 40:31 (24:15). Домаќините одлично и сигурно го започнаа натпреварот и веќе на стартот имаа предност од 2 гола (3:1, 4:2), а неколклу минути подоцна водството се зголеми и на +7. Во првото полувреме и двете екипи постигнаа доста број на голови (24:15), а со истото темпо продолжија и во второто полувреме иако веќе победникот беше познат. Ракометарите на Пелистер успешно ја зачуваа предноста од 9 голови до самиот крај, а младите ракометари на Металург 2 покажаа далеку подобра игра од онаа од првите 30 минути. Најефикасни на овој натпревар беа Рајатовски Пеце со 8 и Реваз Чантурија со 6 погодоци од екипата на Пелистер, а од екипата на Металург 2 се истакна Димитриоски Димитар кој постигна 9 погодоци.