Денес од 17:00 часот, ракометарите на РК Пелистер му гостуваат на Вогошча во рамките од реванш натпреварот од 3-то коло во Челинџ купот.
Битолчани ќе бркаат негатива од два гола на гостувањето, дотолку сака да продолжи во ова натпреварување. Бидејќи на првиот натпревар во Битола загубија минимално со 21:23, поради неколку технички грешки во последните минути од натпреварот.
Но, како и тренерот, така и ракометарите на Вогошча добро знаат дека сеуште ништо не е завршено. Дека тоа во Битола, беше само едно полувреме.
„Ние го победивме Пелистер во Битола, но тоа е само прво полувреме, а се надеваме дека и второто ќе го решиме во наша корист. Играчите се спремни и тоа е најважно. Пелистер е голема екипа но ние мораме да мислиме само на нас. Имаме квалитетна екипа, поранешни и сегашни репрезентативци и сигурно можеме да прикажеме добра игра. Ја повикувам публиката да не поддржи на овој дуел.“ – изјави тренерот на Вогошча, Драган Гатариќ.
Од таборот на РК Пелистер се оптимисти и ќе дадат се од себе, да одиграат еден натпревар на високо ниво и обезбедат позитивен пласман, кој ќе ги однесе во следното коло.