Екипата на РК Радовиш денес на домашен терен ја пречекува екипата на РК Металург во натпревар од 14-тото коло од ВИП машката Супер лига. Во овој момент екипата на Радовиш е на шестото место на табелата со 15 бодови, додека РК Металург е непоразен во досегашниот дел од првенството. Радовишани ќе се обидат со победа да дојдат до петотто место, а пак Металург да остане на самиот врв со 14 победи од исто толку натпревари. Натпреварот е закажан за денес со почеток во 19 часот, а ќе се одигра во СРЦ ,,25 Мај“ во Радовиш.

Двојки за ова 14-то коло од ВИП Супер лигата се:

  • РК Радовиш – РК Металург
  • РК Прилеп – РК Вардар Јуниор
  • РК Металург 2 – РК Тинекс Пролет
  • ГРК Борец – РК Работнички
  • РК Пелистер – РК Охрид.