Ракометарите на РК Струмица вечерва го забележаа својот 8-ми пораз во рамките од СЕХА лигата, овојпат беа поразени од екипата на Борац, со конечни 26:21. Пораз после кој, РК Струмица падна на последната позиција од табелата со вкупно 2 бода, со што го допре дното.
Добро го започнаа првото полувреме, не дозволуваа ракометарите на Борац да се одлепат повеќе од 2 гола разлика. Но, тоа траеше само до 25-та минута, кога ракометарите на Борац направија серија од 4:0 и на полувреме заминаа со 14:9. Повторно на голот одличен беше Трајковски со 14 одбрани, но залудни за жал како и на секој натпревар.
Во второто полувреме продолжија со истата игра, на момент ракометарите на Борац се олабавија, по што струмичани во 53-та минута се приближија на само 2 гола разлика. Но, веднаш потоа ракометарите на Борац повторно направија серија од 4:0, по што мирно го завршија натпреварот за конечни 26:21 и прва победа во СЕХА лигата.
Најефикасни на натпреварот беа Мајиќ, Соколов и Милосављевиќ со по 4 погодоци, додека кај домаќините Тривунџа и Николиќ истотака со по 4 погодоци.
Следен натпревар на струмичани е на 2 декември, кога му гостува на македонскиот шампион Вардар.