Ракометарите на РК Струмица, по поразот од Војводина на гости од 30:25, денес го пречекуваат ППД Загреб кој после поразот од Вардар е гладен за победа и враќање на победничките патеки.

Со оглед на состојбата на струмичани овој натпревар ќе се одигра во СЦ „Кале“, натпревар во кој однапред се знае победникот. Но, се надеваме дека нема да биде повторно дебакл, како што беше на нивниот прв меѓусебен дуел во Загреб, каде струмичани изгубија со 42:13.

Тренерот на РК Струмица, Марјан Андонов изјави дека ППД Загреб е еден од петте тима кои се доминантни во СЕХА лигата, но сепак ќе се потрудат да одиграат добро и да соберат што повеќе искуство од овој натпревар.

Натпреварот ќе се одигра денес од 18:00 часот, во СЦ „Кале“