Ракометарите на РК Струмица попладнево во Скопје во СРЦ „Кале“ го играат последниот натпревар од СЕХА лигата оваа година. Противник им е Спартак Војупт од Суботица, натпревар во кои се среќаваат двете екипи кои оваа сезона се дебитанти во ова натпреварување.

РК Струмица после одиграни 13 кола се наоѓа на последната позиција со само 2 бода, додека нивниот денешен противник е на претпоследната позиција со 7 бодови. Овој напревар е последна шанса годинава, струмичани да стигнат до првиот триумф оваа сезона во СЕХА лигата, но со оглед на моменталната ситуција во тимот и тоа станува голем прашалник.

Еве што изјавија двајцата тренери:

„Ме радува што ја поправаме формата. Во последните натпревари не одигравме 60 минути, туку по само едно полувреме. Но, на последниот натпревар во Бања Лука тоа беше дост добро. Ја гледам расположеноста на моите играчи и очекувам дека ќе прожуме една добра игра. Ќе се потрудиме да дојдеме до нови бодови. Никако не го потценуваме нашиот противник, тие покажаа дека знаат да играат ракомет против нас во Суботица, како и во Нови Сад, против Војводина. Мислам дека е биде една борбен, остар и неизвесен натпревар до самиот крај.“ – изјави тренерот на Спартак Војпут, Бранислав Жељковиќ:

„Ова е нашиот последен натпревар оваа година. МИслам дек ова е вистинскиот натпревар да дојдеме до првата победа во СЕХА лигата. Ние имаме 2 бода, но сакаме да ја прославиме нашата прва победа во ова натпреварување. Спартак Војпут се екипа, слична на нас. Во моментов тие се во подобра позиција, отколку ние, со повеќе бодови зад нивното име. Но, тоа не мора да значи ништо. Сакаме да се одмаздиме за загубениот натпревар во Суботица и конечно да ја прославиме нашата прва победа!“ – изјави тренерот на РК Струмица, Марјан Андонов.

Натпреварот се игра денес од 17:45 часот.