Како и минатата, така и оваа година екипата на Вардар го освои Купот на Македонија, со победа во завршниот меч против екипата на Металург 31:24 (16:12).

Екипата на Металург одлично го отвори натпреварот со почетно водство од 2:0 со одличните голови најнапред на Бувиниќ, а потоа и на Костески. Металург имаше водство само на почетокот на натпреварот, 2:0, 3:1, 4:2. Вардар успеа да ја намали разликата, а потоа и да дојде до водство. Од тој момент, Металург имаше тешка задача, а тоа беше константно бркање на резултатот. Негативата од 7 голови, ракометарите на Металург успеаа да ја намалат на -1, но не успеаа да дојдат до тотален пресврт. Во второто полувреме следуваа низа на клучни серии на екипата на Вардар со што се реши и  победникот во големото финале.

Најпрецизни на оваа средба беа Манасков со 7 и Дујшебаев со 6 голови од екипата на Вардар, додека од противничката екипа најефикасни беа Матиќ со 5 и Вујовиќ со 4 голови.