Ракометарите на Вардар денес го играат последниот натпревар од групната фаза од натпреварувањето во Лигата на шампионите. Овој пат во улога на домаќин, во СЦ ,,Јане Сандански“ ја пречекува француската екипа Монпелје. Ова е последен натпревар 14-то коло и е од големо значење за РК Вардар, бидејќи со победа на овој дуел вардарци ќе се искачат на третата позиција на табелата. На овој натпревар нема да настапи одличниот Штербик заради повреда на Ахиловата тетива.

Во пресрет на овој натпревар, ракометарот на Вардар, Филип Лазаров го изјави следното:

,, Монпелје има квалитетна екипа и доаѓаат растоварени да одиграат добар меч. Најмалку што заслужува е респект. Сигурно ќе се обидат да направат изненадување, но, ние не смееме да им го дозволиме тоа затоа што сме во добар момент, имаме добра серија и треба да го искористиме тоа. Со победа може да се пласираме на третото место во групата и потоа во една добра атмосфера да го дочекаме осминафиналето “ – истакна Лазаров.

Натпреварот започнува во 17:30 часот со директен пренос на МРТ1.