За помалку од половина час во спортскот центар ,,Јане Сандански“, екипата на РК Вардар ќе се сретне со одличната екипа на Критијанштад. Овој дуел е од големо значење за екипата на Вардар за продолжување на натпреварите во елитното натпреварување. Екипата на Вардар се наоѓа на петотто место на табелата,а пред него се екипите на Пик Сегед и Кјелце.
Во пресрет на денешниот натпревар, тренерот Раул Гонзалес го изјави следното:
,,Кристијанштад одигра одлично против Кјелце, прикажаа добра игра во одбраната, а добро го користат и контранападот. Нема притисок и играат добро. Треба да го сопреме Џамали кој е одличен играч со добар шут. Имавме доволно време добро да се одмориме и да се подготвиме за овој дуел. Ние дома пред полни трибини секогаш играме подобро и посакуваме и денеска салата да биде полна.“
Натпреварот започнува во 17:30 часот, а ќе се одигра на домашен терен во СЦ,,Јане Сандански“.