Во еден егал натпревар нашата репрезентација загуби минимално од репрезентацијата на Чешка со резултат 24:25. Пораз со кој нашата репрезентација ги загуби шансите за добар пласман на ЕП во Хрватска.
Одлично го отворивме натпреварот. Цврсто во одбраната и смирено во нападот, работи кои ракометарите на Чешка ги изнудија да направат неколку технички грешки. На голот Борко забележа 4 одбрани, по што веќе во 15-та минута имавме водство од 6:2. Продолживме со исто темпо, овојпат Велковски и покрај големиот притисок кој го има врз себе, одигра одлично. Ги разигруваше нашите ракометари заедно со Миркуловски и забележа 3 асистенции и постигна 2 погодока. На 3 минути до крај на првото полувреме имавме високи 4 погодоци разлика (11:7), но Чешка успеа да се врати со мини серија 2-2 и на полувреме да се замине со резултат 13:11.
Продолживме со добра игра и веќе во 38-та минута го имавме највисокото водство од 17:12, по што селекторот на Чешка го повика својот прв тајмаут. За потоа, продолжиме со игра гол за гол се до 53-та минута, кога чесите го изедначија резултатот на 22:22. По што, Раул Гонзалес беше принуден да повика тајмаут, по кој за жал не се смени ништо во нашата игра. Пад кој им го донесе и првото водство на Чешка во 57-та минута, 23:24. Велковски го изедначи резултатот, но Чешка повторно поведе и на минута до крај имаше водство од 24:24. Ние направивме грешка во нападот, па чесите во последните 30 секунди не успеа да постигнат погодок. По нивната грешка, имавме обид да го изедначиме резултатот во последните секунди, каде беше досуден седмерец, кој Дејан Манасков не успеа да го реализира.
По што, репрезентацијата на Чешка се радуваше на победата, со резултат 24:25!