Утре со почеток од 15:00 часот во ВИП Арената Борис Трајковски се игра натпреварот против екипите на Металург и Војводина.
Средбата е во склоп на 13-то коло на регионалната СЕХА-лига. Металург и овојпат ќе бидат предводен од селекторот Александар Јовиќ, кој преку својата тактика ќе се обиде да ги порази ракометарите на Касим Каменица. Екипата на Војводина моментално се наоѓа на последното 10-to место на табелата, а нивна најголема закана важи младиот лев бек Милан Јовановиќ.
„Нѐ чека исклучително тежок натпревар по подолга пауза. Војводина сега е со нов тренер, Касим Каменица, кој многу добро ја познава нашата екипа. Сметам дека ќе дојдат подготвени и ќе настојуваат да ги освојат бодовите. Победа и нови бодови се и наша цел. Затоа сметам дека моите ракометари ќе го дадат максимум во неделниот дуел“ – изјави тренерот на Металург, Александар Јовиќ, во пресрет на утрешниот дуел со Војводина.
Директен пренос од натпреварот ќе има на МРТ!