Утре (01.02) Вардар во рамките на 12-тото коло од регионалната СЕХА лига ќе му гостува на белорускиот претставник Мешков Брест.

Вардар сезонава игра одлично и се наоѓа на првата позиција со 33 бодови и без ниту еден пораз. Мешков пак се наоѓа на четвртата позиција и има 21 бод и баланс од 7 победи и 4 порази.

Сепак резултатите на Мешков не смеат да залажуваат, бидејќи играњето на жешкиот терен во Брест е секогаш проблематично. Вардарци досега му имаат гостувано на Мешков Брест седум пати – четири од овие дуели завршиле со пораз на Вардар, додека во преостанатите три Вардар успеал да извојува победа.

Останува да видиме дали Вардар ќе продолжи со квалитетната игра од првата половина на сезоната и ќе успее да се израмни статистиката во поглед на гостувањата кај Мешков Брест.

Раул Гонзалес отпатува за Брест без Борозан, Абутовиќ и Чупиќ, поради повреди.

Натпреварот започнува од 17:00 часот, со директен преност на МРТ.