Противникот на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во Келн престојниов викенд, екипата на Монпелје доживеа неочекуван пораз во француското првенство од Сен Рафаел (26:25).

Пораз со кој му овозможи на ПСЖ да го преземе водството на табелата на едно коло до крајот на францускиот шампионат. Монпелје долго ја имаше лидерската позиција на табелата, но вчерашниот пораз значи дека ПСЖ ќе биде шампион доколку во последното коло слави на домашен терен против Шамбери.

Најефикасни на натпреварот беа Порт со 8 и Кавтичник со 5 постигнати погодоци, додека кај победничкиот тим Сармиенто постигна 6 погодоци.