Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки повикани за подготовките во рамки на ЕХФ неделата (03.10-09.10.2016) за квалификациските натпревари за СП 2017 година што ќе се игра во Германија.

Македонија е во група со Австрија, Исланд и Фарските Острови, каде од 2-ри до 4-ти декември ќе игра во претквалификациите за СП во Германија. Квалификациите ќе се играат кај најголемиот аутсајдер, Фарските Острови, а две репрезентации продолжуваат во баражот каде што ќе добијат противник кој има обезбедено пласман на ЕП Шведска, кое ќе се игра во декември.

Собирот ќе се одржи во понеделник (3 октомври 2016) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 11:00 часот.

Список на повикани ракометарки:
  1. Петковска Драгана
  2. Серафимова Матеа
  3. Белмазова Љупка
  4. Саздовска Јована
  5. Митова Сара
  6. Нолевска Наташа
  7. Ристовска Сара
  8. Јовановска Дајана
  9. Керамичиева Теодора
  10. Белеска Андреа
  11. Ливриниќ Елена
  12. Стојановска Симона
  13. Величковска Габриела
  14. Тодоровска Ангела
  15. Десподовска Зорица
  16. Ѓеоргијевска Елена
  17. Николиќ Марија
  18. Гакидова Ивана
  19. Мишевска Стефанија
  20. Дабевска Сањa