Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски го објави конечниот список за подготовките за дуелите против репрезентацијата на Словенија. На овој список се најдоа 18 ракометарки, а на него преовладуваат младите ракометарки кои се дел и од младинската репрезентација на Македонија. Од претходниот список недостасуваат Зорица Десподовска и Ангела Тодоровска кои имаат повреди, но на нивно место доаѓа Стефанија Мишевска од екипата на Вардар Јуниор во која тренер е токму селекторот Симовски.
Првиот собир е закажан за 7 Март, а дуелите со Словенија се на 10 и 12 Март.
Список на ракометарки кои се повикани:
ГОЛМАНИ: Антиќ (ЖРК Металург), Серафимова (ЖРК Металург), Ладева (ЖРК Вардар Јуниор), Петковска (ЖРК Вардар).
КРИЛА: Саздовска (ЖРК Металург), Митова (ЖРК Вардар Јуниор), Нолевска (ЖРК Вардар Јуниор), Ристовска (ЖРК Вардар)
БЕКОВИ: Јовановска (ЖРК Металург), Величковска (ЖРК Металург), Белеска (ЖРК Металург), Ливриниќ (ЖРК Металург), Стојановска (ЖРК Вардар Јуниор), Мишевска (ЖРК Вардар Јуниор), Керамичиева (ЖРК Вардар Јуниор), Ѓоргиевска (МАЦ, Унгарија).
ПИВОТИ: Николиќ (ЖРК Металург), Ивана Гакидова (Баник Мост, Чешка)