Селекторот на женската ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави поширокиот список од 27 ракометарки за последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2018 против селекциите на Шведска и на Србија.
Македонија е во третата квалификациска група за ЕП во која покрај репрезентациите на Шведска и Србија, се натпреварува и репрезентацијата на Фарски Острови. Македонија е на третото место со четири бода од двете победи над Фарски Острови и два пораза од Шведска и Србија, кои со по 6 бода се на првите две места во нашата група.
Во последните две кола од овој квалификациски циклус, Македонија на 30-ти мај во СРЦ Кале ја пречекува Шведска, а во последното коло на 3 јуни ќе и гостува на Србија во Ниш.
На поширокиот список на Симовски се наоѓаат:
- Драгана Петковска
- Матеја Серафимова
- Амра Илјаз
- Јована Мицевска
- Јована Саздовска
- Сара Ристовска
- Наташа Нолевска
- Марија Гајиќ
- Теодора Керамичиева
- Марија Штериова
- Александра Боризовска
- Душица Ѓоргиевска
- Елена Ливриниќ
- Леонида Гичевска
- Елена Ѓеорѓиевска
- Дајана Јовановска
- Ивана Гакидова
- Марија Николиќ
- Милица Николиќ
- Мирјета Бајрамовска
- Ангела Тодоровска
- Мила Трајковиќ
- Моника Јаневска
- Јована Кипријановска
- Марија Тасевска
- Јана Калајџиевска
- Сања Дабевска