Македонската репрезентација се пласираше во 1/8 финалето, откако репрезентацијата на Словенија во еден драматичен натпревар, одигра нерешено со репрезентацијата на Тунис, 28:28.
Македонија со 4 бодови и подобар меѓусебен дуел со Тунис, се најде во четирити најдобри репрезентации во нашата група. Останува во следните натпревари против Шпанија и Исланд да извадат минимум 1 бод, за да го обезбедат третото место во групата, со кое ќе ја избегнеме репрезентацијата на Франција, a добиеме репрезентацијата на Норвешка.
Веќе утре играме против фаворитот Шпанија, а во четврток во решавачкиот натпревар против Исланд сами ќе решавме за тоа на кое место ќе ја завршиме групната фаза.
Среќно момци!