Голманот на Киелце, Славомир Шмал во пресрет на денешниот натпревар изјави дека убедливиот пораз во Скопје е веќе минато и дека денес најважно е за нив да победат, макар и со еден погодок.
„Загубивме десет гола, таков пораз не се заборава така лесно. Тешко е да се проголта толкав неуспех, се уште чувствуваме горчина од тој меч, но убеден сум дека секој од нас ќе игра подобро отколку во Македонија. Не бркаме негатива од десет гола, најважно ќе биде да победиме, макар и со еден погодок“ – изјави Шмал.