Со денешните 5 мечеви, се комплетираше првото коло на СП во Франција. Во групата Б, во која настапува нашата репрезентација, секако најважниот резултат за нас е победата на Македонија над Тунис со 34-30. Во останатите два меча, најголемите фаворити во групата Словенија и Шпанија забележаа лесни победи.
Во групата А, која за Македонија е важна бидејќи во случај на пласман во 1/8 финале тоа е групата со која вкрстуваме, се одиграа два натпревари во кои Русија и Норвешка забележаа очекувани победи.
Комплетни резултати:
Група А (Нант)
- Франција 31-16 Бразил (вчера)
- Русија 39-29 Јапонија
- Полска 20-22 Норвешка
Група Б (Мец)
- Словенија 42-25 Ангола
- Македонија 34-30 Тунис
- Шпанија 27-21 Исланд