На третиот натпреварувачки ден на СП во Франција се постигнаа два изненадувачки резултати, се одигра првото поголемо дерби, а домаќинот Франција веќе го отвори и второто коло.

Изненадување на денот се победите на Чиле и Египет над Белорусија односно Катар. Германија беше поуспешна во мечот со Унгарија, каде брилијантна партија имаа Уве Геншајмер со 13 гола и голманот Хајневетер со 14 одбрани.

Во првиот меч од второто коло, Франција лесно дојде до втората победа.

Распоред на натпревари:

Група А (Nantes)
  • Франција 31-19 Јапонија (Фабрегас 7 гола, Уегаки 5 гола)
Група Ц (Rouen)
  • Белорусија 28-32 Чиле (Кулеш 7, Салинас 8)
  • Германија 27-23 Унгарија (Геншајмер 13)
  • Хрватска 28-23 Саудиска Арабија (Циндриќ 6, Алсалем 5)
Група Д (Paris)
  • Катар 20-22 Египет (Капоте 5, Елахмар 8)
  • Шведска 33-16 Бахреин (Толбринг 10, Хабиб Хасан 4)
  • Данска 33-22 Аргентина (Хансен 6, Фернандез 6)