На вчерашниот, петти натпреварувачки ден на СП во Франција, комплетирано е второто коло, а веќе се одиграни и неколку мечеви од третото. Меѓу нив, во за нас најинтересниот, Тунис и Исланд одиграа нерешено 22-22, што и оди во прилог на македонската селекција.
Резултати:
Група А (Nantes)
- Франција 31-28 Норвешка (Ремили, Карабатиќ и Мае по 5 голови, Сагосен 7)
- Бразил 27-24 Јапонија (Лангаро 8, Токуда 7)
Група Б (Metz)
- Исланд 22-22 Тунис (Сигурдсон 5, Банур 12)
Група Ц (Rouen)
- Чиле 14-35 Германија (Мол,Салинас по 2 гола, Колбахер 8)
- Саудиска Арабија 26-29 Белорусија (Алсалем 7, Пуковски 9)
Група Д (Paris)
- Аргентина 17-35 Шведска (Симонет 5, Захрисон 8)
- Бахреин 22-32 Катар ( Абдулкадер Али 5, Мадади 8)