Еден од најдобрите голмани во Европа и на нас добро познатиот бивши голман на РК Металург, Дарко Станиќ во пресрет на Европското првенство во Полска, ја префрли фаворитската улога на нашата македонска репрезентација.
Со оглед дека јавноста во нашата група за првите две места веќе ги фаворизираше Полска и Франција, многумина сметаат дека дуелот на нашите ракометари против Србија ќе одлучи која ќе биде третата репрезентација што ќе се пласира во втората фаза на шампионатот.
„Во вака тешка група, со сите промени кои ни се случија, неблагодарно е да зборуваме за некој висок пласман. Веројатно одлучувачи ќе биде натпреварот со Македонците. Мора да се каже дека тие се фаворити во однос на нас. Едноставно, многу повеќе вложуваат во ракометот“ – изјави Дарко Станиќ.
Натпреварот против Србија ќе се одигра на 19-ти Јануари, со почеток од 18:15 часот.