Еден од главните виновници за овој тежок и неизвесен натпревар беше голманот на српската репрезентација Дарко Станиќ, кој правеше чуда на својот гол. Ги сопре седмерите на нашиот капитен Кире Лазаров, но не успеа да го сопре денес расположениот Дејан Манасков. Станиќ веднаш по натпреварот во призна тоа во негов стил.

„Манасков е царот, тој ја направи разликата. Секоја чест за него. Беше смирен и при последниот шут, јас очекував дека ќе направи некоја „вртенка“, но тој смирено ме надмудри и шутираше на прв агол. Во секој случај, натпреварот беше многу тешок, напнат до самиот крај. Им честитам на Македонците, многу среќа за нив во втората фаза“ – изјави Дарко Станиќ.