Денес покрај натпреварите од Купот на Македонија во женска конкуренција, ќе се одиграат и двата полуфинални натпревари и во машка конкуренција. Овој пат, полуфиналето и финалето од Купот на Македонија ќе се одиграат во Охрид. Екипите кои обезбедија полуфинале се: РК Металург, РК Вардар, РК Вардар Јуниор и домаќинот на Куп завршницата, екипата на РК Охрид.
Ждребката посака Металург да се сретне со Вардар Јуниор во полуфиналето, а екипата на Вардар со екипата на Охрид. Првиот натпревар ќе го одиграат Металург и Вардар Јуниор со почеток во 17:30 часот. Судии на овој натпревар се Металари и Николовски од Скопје, а делегати се Драги Папуџиев од Скопје и Јован Василев од Битола. Овпој натпревар можете да го следите директно на МРТ1 со почеток во 17:30 минути.
Во пресрет на овој полуфинален натпревар, своите очекувања и прогнози ги даде ракометарот на РК Вардар Јуниор, Кристијан Костовски кој го изјавби следното:
,, И покрај тоа што екипата на Металург е апсолутен фаворит, ние сме подготвени и максимално посветени како и за секој натпревар. Очекувам да дадеме сите се од себе и да се обидеме да направиме изненадување.“ – истакна Костовски.
Вториот полуфинален натпревар ќе се одигра во вечерниот термин од 20 часот, а ќе се сретнат екипите на РК Вардар и РК Охрид. Правдата на овој натпревар ќе ја дели судиската двојка Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола, а делегати се Начевски Марјан и Николовски Ацо од Скопје. Како и првиот натпревар така и овој ќе биде пренесуван на МРТ1 со почеток во 20 часот.
Победниците од овие полуфинални натпревари ќе се сретнат во финалето што е закажано за утре со почеток во 17:30 часот.