РК Вардар ги потврди шпекулациите и го претстави словенецот Сташ Скубе како ново засилување за следната сезона. Централниот бек ќе го носи „црвено-црниот“ дрес во следните три сезони, а доаѓа од екипата на Пик Сегед.
Ракометар кој беше еден од најзаслужните што овој тим ја освои титулата во Унгарија запирајќи ја долгогодишната доминација на Веспрем. Тој ќе биде ракометарот кој ќе го замени Лука Циндриќ, кој замина во редовите на Киелце.
Скубе потекнува од ракометната школа на Требње, а во Словенија има играно и за тимот на Горење Велење. Во ПИК Сегед помина две сезони, а Вардар ќе му биде второ интернационално искуство во кариерата.
„Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дека од голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања. Мислам дека ќе бидеме добра екипа, и едвај чекам сѐ да почне“ – изјави Сташ Скубе.