По големата победа на Вардар над Киелце и одличната прикажана игра на „црвено-црните“, двајца ракометари добија место во идеалниот тим на 6-то коло од Лигата на шампионите.
Феноменалниот Арпад Штербик со 14-те одбрани и Игор Карачиќ кој беше најрасположен за игра и постигна 9 погодоци, заслужено добија место во идеалниот тим.
Идеален тим на 6-то коло на Лигата на шампионите:
- Голман: Арпад Штербик (Вардар)
- Лево крило: Џери Толбринг (Кристијанштад)
- Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
- Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар)
- Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)
- Десно крило: Мариус Штајнхаузсер (Рајн Некар Левен)
- Кружен напаѓач: Хулен Агинагалде (Киелце)
Идеалниот тим на колото видете го на следниот ЛИНК.